Диор, ве водиме во светот на ненадминливата елеганција: Овој пат инспирација е кралицата на Франција од 16-тиот век - секое парче е олицетворение на луксуз и моќ

Добивај вести на Viber

На модната недела во Париз, брендот Диор претстави нова колекција за пролет/лето 2023 година, а муза на ревијата беше Катерина де Медичи, италијанска благородничка која стана кралица на Франција во 16 век, а тоа јасносе гледа во деталите како кринолини, богати слоеви на тантела, сатенски панделки, длабоки чизми со заоблени, барокни потпетици...

View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)


„Таа беше жена која навистина ја разбираше моќта на модата и која знаеше како да ја искористи за да ја претстави својата моќ на сите околу неа. За неа модата беше демонстрација на моќ. Ова ми беше многу интересно, бидејќи припаѓам на генерација за која модата е слобода на изразување.Но, историјата на модата е всушност многу блиску до историјата на моќта“, изјави Марија Грација Чиури, креативен директор на брендот.

View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)


Кога станува збор за палетата на бои, видовме многу црни, но и бели и нежни тонови на беж, а има и цветен принт. Во ГАЛЕРИЈАТА погледнете дел од моделите од ревијата:


Фото: Инстаграм/Профимедиа