Директорот на „Модерна“ шокира со изјавата: Корона вирусот ќе остане со нас засекогаш
Веќе има мутации што се забележани во САД
Извршниот директор на компанијата „Модерна“, која произведе една од вакцините за ковид-19, Стефан Бансел, предупреди дека корона вирусот, кој уби речиси два милиони луѓе ширум светот, ја запре економијата и ги оптерети здравствените системи, ќе остане засекогаш со нас.
Водечките здравствени службеници и експерти за заразни болести сметаат дека постои голема веројатност „ковид-19“ да стане ендемска болест, што значи дека таа ќе биде присутна во населението цело време, иако веројатно е на пониски нивоа отколку што е сега.
-Ќе живееме со овој вирус, верувам, засекогаш - рече тој за време на панел дискусијата за здравјето насловена „Конференција за здравство на ЈПМорган“. Научниците ќе мора континуирано да ги следат новите варијанти на вирусот, за да можат да произведуваат вакцини за борба против нив, рече тој.
Истражувачите од Охајо вчера рекоа дека откриле две нови варијанти кои најверојатно потекнуваат од САД и дека едната од нив брзо станала доминантен вид во Колумбија, Охајо, во период од три недели кон крајот на декември и почетокот на јануари.
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача давање на условно одобрување за употреба на вакцината на компанијата „Модерна“ против вирусот ковид-19 кај лица постари од 18 години. Оваа вакцина покажа стапка на успех од 94,1 процент и стана втора вакцина за спречување на ковид-19 што ЕМА ја препорача за употреба во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира: