Дистрикт бар со авангардно мени кое ги буди сетилата

Добивај вести на Viber

Македонските новинари синоќа во скопскиот хотел „Мериот“ имаа можност да уживаат во гастрономските ремек-дела на Кирил Ставрев. 

На претставниците на медиумите им беше претставен концептот Chef’s table, релативно нов во нашата држава, а многу популарен низ светот. 

Меѓу другото, дегустиравме крцкава кожа од пиле со мед и зачини, свежи лангустини со киноа и телешки рибај со сос од црн лук, а главниот шеф ни ги објасни техниките на готвење. 

Идејата е да се направи нешто уникатно и авангардно, надвор од стандардното мени, на некој начин суптилна едукација за уникатните вкусови и техники популарни низ светот. 

Ставрев секој месец ќе составува ново мени, инспириран од несекојдневните вкусови на медитеранската храна. Секое јадење се служи со посебна чаша вино.

Дистрикт бар и ресторан уште еднаш покажа дека нуди иновативен сплет на кулинарски специјалитети со неверојатни вкусови кои вистински ги будат сетилата.