(ФОТО) Длабок шлиц и деколте: Лоба промовираше нов албум

Добивај вести на Viber

Во провокативен и елегантен црн фустан, пејачката Викторија Лоба го промовираше својот прв студиски албум, на забавата пред многу пријатели и соработници. 

Албумот на атрактивната пејачка е снимен во две верзии, англиска и македонска, „Нов свет“, и „New World“. Присутните го коментираа убавиот изглед на Лоба, која избра црн фустан со деколте и длабок шлиц, а го искомбинира со модерни чевли на високи потпетици.

На промоцијата,Лоба и Марга Сол настапија со песните „Она вистинско“, „Девет работи“ “All the love“ и  „Нов свет“ кои се дел од новиот албум. Промоцијата помина во одлична атмосфера, а Марга Сол ги забавуваше гостите до самиот крај. На настанот дојдоа многу пријатели на Викторија меѓу кои се Роберт Билбилов и Тајзи со кои Лоба има дуети на албумот. 

На истото место каде што се одржа промоцијата, во ресторанот „Фор“, таа ќе настапи и за новогодишната ноќ. 

Албумите се снимани во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописец на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот. Албумите се достапни преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и во ЦД формат, со достава низ Македонија.