Дневен хороскоп: Среќен петок за неколку знаци
Лав
Искористете ги поволните прилики и појдете некаде. Сте се залежале дома и тоа е во ред, ама тоа не значи и дека треба да бидете во кревет на ден пред викенд! Можеби ќе се почуствувате одлично во друштво, а потребно ви е дружење бидејќи сте на работ од премногу акумулирана невоза која во секој момент чека да експлодира.
Девица
Денес ќе се однесувате непромислено и многу надмено. Веројано ќе се соберете
со пријателите и од толку многу што ќе сакате да им угодите, ќе испаднете
смешни. Тоа ќе ве налути и ете простор за кавга. Доста е со карање!
Вага
Имате големи планови и се обидувате да најдете поддршка од пријатели во наредните три дена. Не влегувајте во непотребна расправија со една блиска личност која често се контра со вас. Можна е вест поврзана со пари токму за викендов.
Шкорпија
Што ве тера да сте толку негативни? Па доаѓа викенд. Јавете се на неколку пријатели, излезете, напијте се една чашка пиво или вино, комумицирајте. Сте се затвориле во својот свет и нормално дека ве фаќа депресија.