Дневен хороскоп: Девиците под голем стрес, лавовите ќе донесат важна одлука

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Одлично ќе ги поднесете физичките напори, но оставете малку време и за забава. Немојте да ја потиснувате својата друштвена природа и прифатете ги поканите за кафе

БИК

Можно е да откриете семејна тајна и да ги заладите односите со женски член од фамилијата или излез од проблемот да побарате на погрешен начин. Порастот на работната енергија и ентузијазам ќе ви го убрзаат остварувањето на работните амбиции.

БЛИЗНАЦИ

Себеси ќе си поставите високи цели и ќе настојуваате да бидете пример за сите. Блиските ќе сметаат дека премногу барате, а вашите предлози и желби ќе предизвикаат нивно несогласување и бурни реакции.

РАК

Успешно ќе комуницирате и одржувате добар однос со претпоставените. Уметност, мода и убавина се полиња во кои ќе имате успеси. Ве очекуваат и незаборавни љубовни моменти. 

ЛАВ

Интезивно чуство кон партнерот ќе ве натера да донесете битна одлука поврзана со заедничката иднина. Нокои ќе се смират со претходните партнери.

ДЕВИЦА

Соработката со другите ќе се покаже како исплатлива инвестиција. Ако живеете премногу стресно, подзастанете и посветете се на себеси. Потребен ви е попладневен одмор.

ВАГА

Ќе имате можност да ги остварите љубовните соништа. Можно е да се сретнете со личност за која интезивно размислувате и посакувате средба.

ШКОРПИЈА

Не им кажувајте на другите за вашиот интимен живот, бидејќи можете да станете мета на оговарање или да се разочарате од личноста на која безрезервно и верувате.

СТРЕЛЕЦ

Ќе барате мирно место за размислување и ќе избегнувате задимени простории и непотребни разговори. Можна е посета на кино или театар..

ЈАРЕЦ

Штедете ги парите и посветете се на заработката. Ќе се налутите на некој кој веќе долго време не ви ги враќа позајмените пари.

ВОДОЛИЈА

Ќе се најдете во голема гужва и ќе имате чувство дека обврските ве притиснале од сите страни. Ќе добиете многу прашања на кои ќе треба да одговорите, а и критиките не се исклучени.

РИБИ

Започнува период на проширување на работата, но и на вашата популарност. Ќе бидете вешти во комуникацијата, тактични со колегите и ќе знаете кога да импровизирате..