Дневен хороскоп: Јарецот го очекуваат незаборавни љубовни моменти
ОВЕН
Верувате во својата способност за убедување и ќе се обидете да ги убедите луѓето да постапат како што вие сакате. Не се оптеретувајте со прашања кои се однесуваат на верноста на партнерот.
БИК
Се обидувате да сокриете дека не сте во состојба да ги решите љубовните проблеми. Ги игнорирате сите оние пораки кои ги добивате од личноста која ви е драга и очекувате ситуацијата да се реши сама од себе.
БЛИЗНАЦИ
Доколку работата ви е поврзана со патување, ќе ви се појави можност за многу средби кои за вас ќе бидат импресивни. Не верувајте во тие кои ви даваат комплименти, но и немојте да одбиете средба со некој кој ви се допаѓа
РАК
Сакате да ги игнорирате негативните пораки кои ги добивате од партнерот. Како и да постапите. тоа на вас ви делува стресно и ќе мора да донесете некоја одлука која се однесува на заеднички живот или продолжување на врската.
ЛАВ
Чувствувате потреба некому да дадете до знаење што чувствувате. Обидете се максимално да се посветите на решавање на својот статус во врската или бракот или да се изборите за повеќе почитување.
ДЕВИЦА
Сакате партнерот да ви попушти во нешто. Ако се работи за нешто што не е многу важно, обидете се поминете преку тоа и не се оптеретувајте со тоа што некој го кажува за вас. Не започнувајте врска со некој со кој не сте сигурни дека е слободен.
ВАГА
Верувате во можноста за пронаоѓање на вистинско решение кога е во прашање врска со личност која добро ја познавате и со која ви било пријатно. Ако во последно време сте се оддалечиле еден од друг или не сте имале можност почесто да бидете заедно, најверојатно ќе имате можност да отпатувате заедно.
ШКОРПИЈА
Можно е да слушнете нешто за него со што нема да се сложите, ќе сакате да го одбраните од тие кои го критикуваат. Ако партнерот нешто ви замерил, не го зимајте тоа при срце.
СТРЕЛЕЦ
Себеси ќе си поставите високи цели и ќе настојуваате да бидете пример за сите. Блиските ќе сметаат дека премногу барате, а вашите предлози и желби ќе предизвикаат нивно несогласување и бурни реакции.
ЈАРЕЦ
Успешно ќе комуницирате и одржувате добар однос со претпоставените. Уметност, мода и убавина се полиња во кои ќе имате успеси. Ве очекуваат незаборавни љубовни моменти.
ВОДОЛИЈА
Ќе имате можност да ги остварите љубовните соништа. Можно е да се сретнете со личност за која интезивно размислувате и посакувате средба.
РИБИ
Штедете ги парите и посветете се на заработката. Ќе се налутите на некој кој веќе долго време не ви ги враќа позајмените пари.
Фото: Favim.com