Дневен хороскоп: Компромиси, одалечување од партнерот и нови љубовни врски
ОВЕН
Не сте сигурни дали сте постапиле на најдобар начин. Се обидувате да најдете начин да и се допаднете на Девица со која е можен почеток на врска. Верувате во можноста за обнова на поранешна врска
БИК
Покажувате добра волја во врска со решавање на проблемите кои ги имате во односите со постојниот партнер, но тој како да не е заинтересиран да се реши ситуацијата меѓу вас или ги игнорира вашите обиди само за да ве казни.
БЛИЗНАЦИ
Сакате да ги игнорирате негативните пораки кои ги добивате од партнерот. Како и да постапите. тоа на вас ви делува стресно и ќе мора да донесете некоја одлука која се однесува на заеднички живот или продолжување на врската.
РАК
Доколку работите во медиум или маркетинг куќа, поради работата често патувате, па ќе ви се појави можност за многу средби кои за вас ќе бидат импресивни. Не верувајте во тие кои ви даваат комплименти, но и немојте да одбиете средба со некој кој ви се допаѓа
ЛАВ
Се обидувате да сокриете дека не сте во состојба да ги решите љубовните проблеми. Ги игнорирате сите оние пораки кои ги добивате од личноста која ви е драга и очекувате ситуацијата да се реши сама од себе
ДЕВИЦА
Верувате во својата способност за убедување и ќе се обидете да ги убедите луѓето да постапат како што вие сакате. Не се оптеретувајте со прашања кои се однесуваат на верноста на партнерот.
ВАГА
Не сакате да влегувате во расправија со некој со кој во последно време имате добра комуникација каква што сте имале порано. Се обидувате да бидете крајно рационални и сталожени во ситуација која од вас бара да покажете повеќе чувства.
ШКОРПИЈА
Сакате да ви се јави некој кој ве навредил или направил нешто спротивно на вашите интереси. Можно е некој да се меша во вашата врска и да не сте подготвени да поминете преку тоа. Слободните Скорпии се оптоварени со семејни проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Чувствувате потреба некому да дадете до знаење што чувствувате. Обидете се максимално да се посветите на решавање на својот статус во врската или бракот или да се изборите за повеќе почитување.
ЈАРЕЦ
Сакате партнерот да ви попушти во нешто. Ако се работи за нешто што не е многу важно, обидете се поминете преку тоа и не се оптеретувајте со тоа што некој го кажува за вас. Не започнувајте врска со некој со кој не сте сигурни дека е слободен.
ВОДОЛИЈА
Верувате во можноста за пронаоѓање на вистинско решение кога е во прашање врска со личност која добро ја познавате и со која ви било пријатно. Ако во последно време сте се оддалечиле еден од друг или не сте имале можност почесто да бидете заедно, најверојатно ќе имате можност да отпатувате заедно.
РИБИ
Можно е да слушнете нешто за него со што нема да се сложите, ќе сакате да го одбраните од тие кои го критикуваат. Ако партнерот нешто ви замерил, не го зимајте тоа при срце.