Дневен хороскоп за ПЕТОК: Профит од ЛОТАРИЈА за овој знак!
Овен (21.03 – 20.04)
Денот е обележан со лаги и илузии. Можни се професионални проблеми. Ќе ви биде тешко да ги простите грешките и предавството. Потрудете се да не ги мешате невините луѓе и да не им ги препишувате неуспесите
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе се соочите со проблем од професионален карактер, но можна е и компликација на привато поле. Ѕвездите ви препорачуваат да пројавите повеќе самодоверба и трпение. Поради неподносливоста може да бидете вовлечени во непотребни спорови.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денот ќе биде корисен во многу односи. Периодот е добар за колективна работа, учење на нови јазици, креативност или научни активности. Ѕвездите ви се наклонети, се менува финансиската положба. Можно е денес да имате профит од лотарија или да добиете неочекувани средства.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот е поволен за подобрување на финансиската положба. Се подобрува семејната атмосфера. Изборот на вашиот пат е единствено ваше дело! Само смело кон остварување на желбите и плановите за во иднина.
Лав (23.07 – 22.08)
Денот е исполнет со мали грижи. Многумина од вас ќе се откажат од зацртаните планови и ќе го пренесат своето внимание кон проблемите на блиските луѓе. Чувството на сочуство е основата за вашиот успех денес
Девица (23.08 – 22.09)
Одговорите на вашите прашања не доаѓаат секогаш во најјасен облик, па затоа морате малку да ја проширите својата перцепција за да не го испуштите важното кое би можело да биде спакувано во облик на банална информација. Денеска отворете ги и очите и ушите, многу убави работи се случуваат околу вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Отворете ги ушите во текот на целиот ден, и немојте да бидете толку брзи во бришење на мејловите кои ви личат на спамови, бидејќи помеѓу нив се крие повик или важна коресподенција која би можела да ви донесе напредување. Затоа, внимателно со информациите, би можеле да дојдете до проблеми ако не внимавате доволно
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Малку ќе здивнете од финансиските проблеми во кои сте западнале,па искористете го овој период да ја средите оваа состојба. Сепак, следете ги своите инстинкти бидејќи овој пат се во право, но намалете го износот кој сакате да го вложите за да имате повеќе избор.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе се најдете во празнина помеѓу желбата да ги задоволите деловните барања и вашите вредности кои ги застапувате во животот. Убаво размислете што од тоа ќе отфрлите во корист на другото, бидејќи тој потег ќе ви го одреди животот за подолг период
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот е полн со нови состаноци и неочекувани познанства. Потрудете се да избегнете конфликт префлајќи ги работите од еден на друг
Водолија (21.01 – 19.02)
Ѕвездите и денес се благопријатно наклонети кон вас. Денот е пријатен за колективна работа. Вечерта потрудете се да го подобрите личниот живот на секој начин. Посебно посветете му се на љубовниот живот.
Риби (20.02 – 20.03)
Првата половина од денот е поволна за сексков вид на активности. Емоционалниот подем на мажите од знакот им помага да излезат од сложените ситуации. Внимавајте можни се финансиски загуби.