Дневен хороскоп за понеделник: Првиот ден од неделата носи проблеми за еден знак
Лав
Пред вас е период во кој ќе имате помалку компликации на полето на работа. Важно е да се држите до својот позитивен начин на размислување. Доколку преземете иницијатива да ја освоите личноста која ја сакате, ќе успеете во тоа.
Девица
Пред вас е позитивен ден. Работата ви оди од рака без поголеми проблеми и компликации. Неопходно е да го промените пристапот во комуникацијата со саканата личност, доколку сакате вашиот однос да се подобри во иднина.
Вага
Може да очекувате дека во следниот период ќе ги остварите своите цели и дека ќе бидете задоволни од деловната ситуација. Потрудете се со саканата личност да дојдете до компромис. Доколку сакате вашиот однос да опстане, прилагодувањето е многу важно.
Шкорпија
Константно сте напнати и својата тензија ја пренесувате на соработниците. Пред вас е период кој може да ви донесе проблеми. Подготвени сте на саканата личност да и ги покажете своите намери. Правите заеднички планови за иднината и возбудени сте поради тоа.