Дневен хороскоп за СРЕДA: Големи ПРОБЛЕМИ СО ЗДРAВЈЕТО за овие знаци!
Овен (21.03 – 20.04)
Не сте расположени на никој да му полагате сметки. Не ви се препорачува влез во партнерски однос. Ве привлекуваат комуникативните, доста помлади лица од вас или некој кој има нагласена смисла за хумор. Можни се проблеми со видот.
Бик (21.04 – 21.05)
Чувајте енергија и за подоцна. Потребно е поинаку да се поставите кон некои проблеми кои ве исцрпуваат. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска. Имате чувствителна здравствена состојба.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сакате по секоја цена да биде онака како што ќе кажете вие. Би требало поинаку да се поставите кон лицето кое ви е драго, па покажете повеќе разбирање или подарете му повеќе внимание. Ви се препорачува посета на кардиолог.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате добри деловни идеи. Тешко е да ве убедат да направите нешто што не сакате, не сте подготвени да влезете во некаква сомнителна трансакција. Ќе добиете повик за интересен состанок од едно харизматично лице. Проверете дали ви е покачен холестеролот.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе успеете да се снајдете во новите работи кои ќе ви бидат доделени. Атмосферата во домот е прилично напната или вие сте многу уморни, што се гледа по вашата нервоза и честото нерасположение. Посветете и повеќе внимание на здравствената ситуација.
Девица (23.08 – 22.09)
Неодлучноста во овој момент нема да ви помогне. Прилично сте ладни во анализирањето на емотивните проблеми. Би било добро својата енергија да ја насочите кон некои лица кои во помала мера ве иритираат. Проверете ја крвната слика.
Вага (23.09 – 22.10)
Се обидувате да го промените работното место и барате начин како да го направите тоа. Многу сте амбициозни и подготвени да одите преку своите сили. Немојте да ги затегате односите со партнерот. На партнерот му е потребно само вашето внимание. Чувајте се од повреди.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многу сте задоволни со она што до сега сте го направиле. Ќе ги добиете потребните совети. Во љубовта можете добро да се снајдете со огнениот знак, додека врската со Јарец може да биде многу комплицирана за вас. Можни се проблеми со аритмија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Понудата за хонорарна работа ќе ве привлече, а и во голема мера може да ја поправи вашата финансиска ситуација. Ви се советува да оставите добар впечаток. Ако сте романтичен тип, веројатно сте заљубени во еден Бик. Ви се препорачува повеќе сон.
Јарец (22.12 – 20.01)
Прифатете ги различните работи. Партнерските односи се посебен предизвик за вас, а ако работите за лице кое претставува авторитативна фигура, можете да очекувате успех. Во љубовта сте посесивни и прилично недоверливи. Можни се метеоропатски пречк
Водолија (21.01 – 19.02)
Амбициите ви се преголеми и по секоја цена сакате да напредувате во работата. Се обидувате да бидете малку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во лицето родено во воден знак. Стабилна и добра здравствена ситуација.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете задоволни како се одвиваат работите на работното место. Ќе ви се укаже прилика некој многу голем и важен проблем да го решите преку суд. Ве очекува некој пресврт во животот, планирање брак, деца или селење. Ви се препорачува да направите систематски преглед.