Дневен хороскоп за вторник: На еден знак ќе му биде потребно повеќе сон
Лав
До решение за проблемот кој го имате ќе дојдете постепено и сега и самите го гледате светлото на крајот од тунелот. Вашиот партнер постојано ви покажува дека не е доволно среќен во врската со вас, а на вас многу ви пречи неговото лошо однесување.
Девица
Потребно ви е време да ги остварите плановите кои ги имате. Во иднина ќе бидете многу успешни. Иако сте свесни за своите маани како и тешките околности кои ја следат вашата врска, не сакате да се откажете од личностите за кои се грижите.
Вага
Се трудите да најдете добра работа со која ќе ги задоволите вашите очекувања. Подготвени сте да поработите на деловната едукација. Моменталниот партнер повеќе не ви одговара и подготвени сте за конечно да ја прекинете врската.
Шкорпија
Среќата е на ваша страна, па деловната ситуација доаѓа до разрешување поради кое сте прилично задоволни. Денешниот ден ви носи можност за остварување на врска која би можела да се одвива во тајност на некој начин.