До црвена боја без хемија: Природни состојки кои ги имате во кујна, ќе направат чудо за велигденските јајца

Добивај вести на Viber

Јајцата се еден од симболите на пролетта бидејќи со Велигден доаѓа потопло време и будење на природата од хибернација.

Јајцата обично се сметаат за здрава храна ако ги јадете во умерени количини затоа што белките се исклучително богати со протеини.

По повод Велигден, донесуваме совети како правилно да ги готвите и да ги исфарбате со природни бои.

1. Кромид

Најстариот начин на боење јајца во црвена боја. Сè што треба да направите е да ја наполните шерпата со лушпи од кромид, да додадете вода (два литра на 10 јајца), две лажици сол и една лажица оцет.

Сварете ги јајцата во оваа вода на вообичаен начин - кога ќе зовријат, оставете ги да вријат најмногу десет минути на умерена температура, а потоа тргнете ги од оган и оставете ги јајцата да се изладат целосно во кромидот. Ако лушпите се претежно темни, не оставајте ги во вода премногу долго, бидејќи јајцата можат да станат кафеави.

Доколку сакате вашите црвени јајца да имаат најубави природни дезени, претходно украсете ги со трева и завиткајте ги во тенки хулахопки.

2. Сок од вишни

Ако сакате црвените јајца да имаат исклучително интензивна црвена боја, користете сок од вишна. Постапката е иста како и со кромидот - ставете јајца во сад за варење, истурете сок од вишна, со додавање на малку сол и оцет. Сварете ги јајцата во сокот и оставете да се изладат.

3. Цвекло

Еве начин да го користите сокот од цвекло што останува во вашата тегла по јадење сочни плодови. Постапката е иста како таа со сок од вишна. Ако сакате помеки нијанси на црвена боја, разредете го сокот од цвекло со малку вода.

4. Мелен пипер

Ставете четири лажици мелена пиперка во еден литар вода, со малку сол и оцет и варете ги јајцата. Бидете внимателни да не користите лута пиперка, бидејќи жештината може да навлезе во лушпата во самите јајца.

Точна постапка за варење

Некои ги варат велигденските јајца петнаесет минути, други половина час, некои се колнат во потполно свежи јајца што ги донеле од кокошарникот пред неколку минути, други претпочитаат да ги купуваат, а има и такви кои не сакаат да јадат јајца со зелена граница околу жолчката.

Која е вистината?

Јајцата не треба да бидат премногу стари, но ако се премногу свежи, потешко ќе ги излупите. Ако не сакате да потрошите премногу време за лупење, изберете јајца стари најмалку 7 дена.


Фото: Инстагррам