Добро го криеше љубовниот живот: Се ожени пејачот Ален Хасановиќ од „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Ален Хасановиќ добро го чуваше љубовниот живот далеку од очите на јавноста, но пред нешто повеќе од еден месец реши да ја запроси својата девојка, а сега можат да се пофалат дека го кажале судбоносното „Да“.

Иако звучеше мистериозно, кога пред неколку месеци во една од емисиите на Гранд се „шегуваше“ дека ќе се жени, сега потврди дека веќе знаел за убавата Аида дека е вистинската.


Нивните семејства и пријатели се собраа викендов да го прослават нивниот посебен ден, а младенците не ја симнуваа насмевката од нивните лица.

За овој незаборавен ден тие го надминаа очекуваниот стајлинг, па невестата блесна во розова венчаница со тантела на горниот дел, додека младоженецот облече сивo сако и бела кошула кои ги искомбинира со црни панталони.


Прославата без преголема помпа е снимена во ресторан каде до доцните часови се славело со најголемите свадбени хитови како „Женим се“, „Данас мајко жениш сина свог“, „Брат ми се жени“ и многу други.


Со заедничка фотографија Ален ги извести своите следбеници дека е среќен човек.


- Засекогаш моја - напиша со емотикони од срца.

View this post on Instagram

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)


Фото: Инстаграм

Извор: grand.online.