Доктор Кон предупреди: Омикрон сојот не предизвикува исклучиво блага болест, најдобар е хибридниот имунитет
Епидемиологот Предраг Кон вели дека Србија не може да се споредува со земји кои имаат висока стапка на вакцинација и посочува дека „заради тоа кај нив оваа агонија ќе трае подолго“.
Тој вели дека бројот на починати во Србија е последица на тоа што опфатот со вакцинација не е голем, но нагласува дека природниот процес им оди во прилог и дека бројот на заразени и починати ќе продолжи да се намалува.
Д-р Предраг Кон наведува дека продолжениот распуст во Белград 25 пати го намалил регистрирањето на детските болести во основните и средните училишта.
- Не може да се каже дека распустот не даде резултати. Ќе погледнеме колку тоа влијаело на природниот процес. Стапката на репродукција се намали од 0,8 на 0,6. Тоа значи дека се очекува пад на регистрирањето на болестите во наредниот период, но ќе видиме со почетокот на школувањето дали овој пад ќе биде како досега или ќе се забави и израмни - објаснува д-р Кон.