Докторката која го откри омикрон: Следната варијанта би се ширела побавно, но можеби би била поопасна
Докторката која го откри омикрон сојот на коронавирусот ги критикува мерките на одредени држави.
Јужноафриканската докторка Анџелика Кеце вели дека оние мерки кои ги донесе Британија се граничат со хистерија. Таа опиша како се справува со заразените со омикрон.
„Како доктор по општа пракса, со 33 години искуство, припаѓам во кадар кој прв ги прима пациентите. Ние секојдневно се занимаваме со реални луѓе, а не со статистики и проекции и можам да ве убедам дека сите симптоми кои се јавуваат кај омикрон се многу благи во споредба со оние кои ги гледаме кај делта сојот. Не верувајте ми само на зборот. Видов многу пациенти со омикрон кои претходно имаа делта сој и тие ќе ви кажат дека иако не сакале да се заразат со Ковид, се чувствуваат среќно затоа што вториот пат се заразиле со омикрон. Повеќе прочитајте на Фактор.мк
Фото: screenshoot