Докторката која го откри омикрон сојот: Следната варијанта би се ширела побавно, но можеби би била поопасна

Јужноафриканската докторка Анџелика Кеце вели дека оние мерки кои ги донесе Британија се граничат со хистерија. Таа опиша како се справува со заразените со омикрон. 

Докторката која го откри омикрон сојот на коронавирусот ги критикува мерките на одредени држави. 

„Како доктор по општа пракса, со 33 години искуство, припаѓам во кадар кој прв ги прима пациентите. Ние секојдневно се занимаваме со реални луѓе, а не со статистики и проекции и можам да ве убедам дека сите симптоми кои се јавуваат кај омикрон се многу благи во споредба со оние кои ги гледаме кај делта сојот. Не верувајте ми само на зборот. Видов многу пациенти со омикрон кои претходно имаа делта сој и тие ќе ви кажат дека иако не сакале да се заразат со Ковид, се чувствуваат среќно затоа што вториот пат се заразиле со омикрон. Мојот прв омикрон случај, момче кое дојде во мојата ординација на почетокот мислеше дека предолго бил изложен на сонце поради тоа што работел надвор. Пациентот главно имаше болка во мускулите, болка во телото, главоболка и малку беше изморен. И изгледа дека таквите симптоми не стануваат ништо потешки од тоа. По околу пет дена исчезнуваат и тоа е тоа“, раскажува лекарката. 

Вели дека следната варијанта на коронавирусот која би можела да се појави би се ширела побавно, но можеби би била поопасна, и затоа потребна ни е цела помош која можеме да ја добиеме од природниот имунитет.