Докторот ме праша: Сакаш ли да живееш?! - Исповед на Жензел Бундшен за борбата поради која го допре дното

Тежок период стои зад познатата манекенка Жизел Бундшен !

Познатата супермоделка Жизел Бундшен (41) и сопругата на еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ, Том Брејди, неодамна проговори за нејзината борба со анксиозноста и нападите на паника.

„Однадвор изгледаше како да имам се што сакам на само 22 години. Од друга страна, се чувствував како да го допрев дното“, изјави неодамна познатиот супермодел во интервју за британското издание на Vogue.



Како што рекла, денот го започнувала со кафе мока и цигари, а секоја вечер пиела по едно шише вино.

„Можете само да замислите што се случуваше во мојата глава“, искрено изјавила манекенката, откривајќи дека спасот го пронашла во природните суплементи кои и помогнале да се излечи себеси и нејзиното тело.

Жизел била на строга диета, престанала да консумира шеќер, кофеин, алкохол, цигари, млечни производи и житарки.

Закрепнувањето беше доста тешко.

„Имав ужасни мигрени, се сеќавам дека докторот во еден момент ме праша: „Сакаш да живееш?“ - рекла Жизел, која стана најплатената и најбарана манекенка 15 години по ред само три месеци откако удри карпесто дно.

Таа изјавила дека во четириесеттите се чувствува многу подобро отколку порано.

Да потсетиме, Жизел е сопруга на еден од најдобрите играчи во историјата на НФЛ, Том Брејди. Двојката се запознала во 2007 година на состанок на слепо преку заеднички пријатели, а се венчале две години подоцна во Санта Моника, Калифорнија.

Истата година тие станаа родители на нивниот син Бенџамин, а три години подоцна се роди ќерката Вивијан.

Да потсетиме, на почетокот на кариерата таа пет години беше во врска со холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, а раскинаа затоа што тој наводно не сакал да застане пред олтарот.


Тајна операција поради која жали: Жизел Бундшен беше најбараната манекенка во светот, но не можеше да го поднесе овој дел од своето тело

Секое утро ѝ започнува вака: Благодарение на ова, Жизел Бундшен (40) има тело од соништата