Секое утро ѝ започнува вака: Благодарение на ова, Жизел Бундшен (40) има тело од соништата

Таа со години го следи овој утрински ритуал и тврди дека благодарение на него изгледа младешки и витко. Покрај тоа, Жизел вели дека начинот на кој го започнува секое утро е главниот виновник и за среќата и за расположението.

Секој од нас може да го примени ова:

Секое утро Жизел станува околу 5 или 6 наутро под звуците на океанот што ја смируваат. Откако ќе ги изнесе кучињата на прошетка, таа медитира пет минути за да биде подготвена за денот што следи. "Ова ми помага да бидам расположена и смирена. Откога започнав да медитирам, мојот живот навистина е многу подобар".

Секогаш пијте чаша топла вода со лимон пред појадок. На овој начин, го забрзувате метаболизмот на вистински начин. Следува појадок, кој главно се состои од парчиња тост и пржени јајца. Покрај тоа, никогаш не прескокнувајте го смутито направено од целер, краставица, јаболко, куркума, ѓумбир и лимон.

Вистина е дека сите немаме привилегија да ги слушаме звуците на брановите, но она што можеме да го научиме од Жизел е важноста да уживаме во тишината на утрото и времето што го издвојуваме само за нас.

Здрава храна за сјаен тен

Убедена е дека нејзината кожа изгледа одлично затоа што прави добар избор кога станува збор за храната. Таа генерално јаде здраво и избегнува масна и премногу солена храна.

„Сметам дека изгледот и убавата кожа имаат најмногу врска со тоа што јадеме, како живееме и како се чувствуваме“, рече таа.

„Секако дека ми се случува да јадам нешто слатко и нездраво, но се обидувам да не претерувам. Ако јадам малку повеќе денес, утре ќе водам повеќе сметка. Многу е едноставно".

Покрај правилната исхрана, таа се обидува и редовно да вежба. Сепак, не претерува во ништо. Балансот е клучот и суштината на среќен живот, убав изглед и ментално здравје.

извор:stil.kurir.rs