Долг мантил и високи потпетици: Кери Бредшо во „Сексот и градот“ демонстрира што ќе носиме оваа есен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кери Бредшо има нова стилска и кул облека за есен!

Веќе со месеци детално следиме како изгледа модата во продолжението „Сексот и градот“ без долгогодишната стилистка Патриша Филд. Костимографката и стилистка Моли Роџерс ја презеде оваа улога, и по многуте модни критики и шокантни изданија, еве една добра - есенска идеја за стјлинг од Кери Бредшо.

Доминираат сивкасти есенски бои - долг капут во комбинација со шапка, кардиган и здолниште со шаренило, дополнително зачинето со бордо нијанси. Кери се насмевнува и самоуверено шета по улиците на Њујорк, додека платинесто русите нишки, кои станаа фризура број 1 оваа сезона, паѓаат преку нејзините раменици.

Она што е сигурно е дека стилот на Кери Бредшо ќе биде ретро и бохо, за разлика од модерните и шик изданија на кои сме навикнати во изминативе сезони од серијата.

Ова е и прво појавување на актерката по смртта на нејзиниот близок пријател и колега од серијата Вил Гарсон, а колку сценариото ќе се смени, засега нема официјални информации.

ФОТО:PROFIMEDIA

извор:elle.rs