Домашен тест открива: Дали имате недостаток на железо?
Погледнете ги прстите и внимавајте на бојата на вашата кожа
Најчести симптоми на анемија, односно недостаток на железо се: отежнато дишење, неправилно чукање на срцето, депресија, низок крвен притисок, нарушена меморија, главоболка, бледа кожа, шум во ушите.
Доколку ги препознаете симптомите кои укажуваат на анемија, многу е можно да имате проблем со железото. Анемијата е предизвикана од недостаток на железо, кое е важно за формирање на црвени крвни зрнца, како и за пренос на кислород во нашето тело.
Недоволно црвени крвни зрнца доведуваат до анемија, која најпрво можете да ја забележите по бледата кожа.
Добар начин да проверите дали ви недостасува железо е да ги истегнете рацете пред вас со дланките свртени нагоре и да ги истегнете или раширите прстите.
Ако наборите на вашата дланка се светли во споредба со бојата на вашата кожа, тоа може да укажува на слаба циркулација предизвикана од ниско ниво на железо. На тоа укажуваат и побелиот корен на ноктот и бледата боја на внатрешната линија на долниот очен капак.
Најдобар начин да ја победите анемијата е да јадете што повеќе намирници богати со железо, како што се: калинка, домат, сусам, спанаќ, цвекло, брокула, соја, школки, урми, смокви, вино од капини.
Анемијата може да се потврди само со крвна слика, па доколку ги забележите овие симптоми, посетете лекар и направете испитување.
Извор: stil.kurir.rs