Домашна маска за лице од кокосово масло за мрсна кожа
Кокосовото масло е еден од најдобрите природни производи за нега на кожата. Има природни антибактериски и антифунгални својства. Ја потхранува нашата кожа, брзо се апсорбира од кожата и промовира синтеза на колаген. Кокосовото масло е вистинската состојка за вашите домашни маски за лице. Погледнете го нашиот предлог на домашна маска преку која ќе заблеска вашата кожа. Користетеја маската за лице 1-2 пати неделно.
Маска со лимон, јогурт и кокосово масло за мрсна кожа
Оваа комбинација на состојки ја храни мрсната кожа, намалувајќи го оштетувањето и го забавува процесот на стареење.
Во сад, ставете:
½ лажичка кокосово масло
1 лажица јогурт
неколку капки свеж сок од лимон
Состојките убаво измешајте ги. Нанесете ја маската на чиста кожа 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Доколку е потребно, нанесете соодветен крем потоа.