Доживеала мозочен удар, завршила во кома, ја труеле: Животот на Габриела Спаниќ од хит- серијата Злобница

Многу верни македонски гледачи на шпанските теленовели кои беа вистински бум кај нас пред да доживееме инвазија од турските серии, се сеќаваат на венецуелската актерка со хрватски корени, Габриела Спаниќ.

Атрактивната актерка која пред неколку дена наполни 46 години, нашата публика најмногу ја памети по двојната улога на Паулина и Паола во хит-серијата „Злобница“.

Малкумина знаат дека на Габриела освен што сапуниците ѝ станаа заштитен знак, таков ѝ беше и животот позади камерите. Со сестрата близначка Данијела со години не биле во добри односи, наводно поради љубовниот триаголник со поранешниот сопруг на Габриела, Мигел, со кого се раздели во 1999 година. Сестрите, инаку, доживеале и голема семејна драма кога Данијела во петтиот месец од бременоста доживеала мозочен удар и завршила во кома. Од друга страна, пак, Габриела, нејзиниот син кој во тоа време имал две години, бремената сестра и уште неколку членови на семејството биле жртви на куќната помошничка која во континуитет им ставала недозволени супстанци во храната. Навистина шпанска серија!