Др. Ана Глигиќ: Вирусот сам себе ќе се угуши, тоа се случувало со сите вируси досега

Добивај вести на Viber

„Короната сама себе ќе се угуши. Тоа мора да се случи, бидејќи тоа се случувало со сите вируси досега“, вели вирусологот д-р Ана Глигиќ.

Во гостувањето на ТВ К1, д-р Глигиќ истакна дека секогаш кога бројките почнуваат да паѓаат, како што е сега, се надева дека короната го достигнала биолошкиот максимум.

„Податоците покажуваат дека вирусот го губи својот чекор за одржување во човековиот организам. Меѓутоа, преку мутации добива сила да преживее. Но, короната мора самата себе да се задуши. Тоа мора да се случи, бидејќи тоа се случуваше со сите вируси досега“, изјави д-р Глигиќ.

Појавата на омикрон, како што рече таа, покажува дека короната се вратила во првобитната состојба и дека проблемот е што не знаеме каде целата корона има резервоари. Повеќе за изјавата на еминентната докторка Глигиќ прочитајте на Фактор.мк


Фото: Youtube-screenshoot