Драгана Мирковиќ прозборе за односот со Цеца: „Таа напарви нешто лошо на својата слава пред две години“

Фолк sвездата Драгана Мирковиќ подготвува вистински спектакл за својата голема публика, а зборуваше за разни теми и одговараше на сите прашања што ја интересираат јавноста.

Пејачката одговараше и на прашања за „заладениот однос“ со фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, па рече дека не се плаши од никакви прашања, бидејќи никогаш не кажала ништо грдо за Цеца.

- Навистина не знам во какви односи сме. Да бидам искрена со тебе, немам идеја. Не знам дали се знаеме или не се познаваме. Она што ме прави смирена и сталожена и не се плашам од ниту едно прашање е тоа што никогаш не сум кажала ништо грдо за таа жена, еве ако некој знае, слободно нека каже. За жал, таа кажа. Таа направи нешто прилично лошо за нејзината слава пред две години, не знам зошто, што ја предизвика и многу ми е жал за тоа, бидејќи тоа беше апсолутно непотребно. Веројатно беше нервозна, мислам „Добра вечер“, не гледам дека е предизвик некој да те навреди пред сите на прес -конференцијата, но Боже мој, тоа е нејзино право. - изјави Драгана Митровиќ за Srbijadanas.com.


Foto: YoutubePrintscreen