Драги мајки, покачена температура на дете се намалува со антипиретици: Д-р Јовановски со апел за користењето на кортикостероиди без индикации
Периодов нема кој не се пожалил дека бил болен, односно дека бил настинат или лицата кои се блиски до нас споделиле дека нивен близок бил настинат. Таков е периодот, а и топлото време е во полза на вирусите. Токму поради преполните амбуланти и паниките кај пациентите особено кај младите мајки неколку лекари своите препораки, совети и забелешки ги споделуваат со пациентите на социјалните мрежи. Таков статус напиша и д-р Александар Јовановски, неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
„Утрово ми стигнува прашање во приватна порака од моја блиска роднина, која претходната ноќ поради покачена телесна температура ја носела својата тригодишна ќерка на лекар. Прашањето се однесуваше на тоа која е инјекцијата која детето ја добило за покачената температура (максималната температура била 39,2). Крвната слика и другите инфективни параметри биле мирни. Изговорт за терапијата бил "да не качи детето пак температура". А зошто да не качи? Што ќе се случи побогу ако мало дете има покачена температура?