Култура // Настани
Драгојевиќ испишува историја: Првпат Хрватска на ваков начин некому му оддава почит
Денеска во Хрватска е „Ден на национално сочуство“. Во чест на Оливер Драгојевиќ знамињата ќе бидат спуштени на пола копје, но нема да се откажуваат најавените музички настани и претстави. Музичката ѕвезда испишува историја, бидејќи првпат во оваа држава на таков начин некому му се оддава почит.
Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ на комеморацијата во чест на ОливерДрагојевиќ е прогласен и за почесен граѓанин на Сплитско-далматинска жупанија. Во тек е и комеморацијата во негова чест во народниот театар во Сплит. Северина, Петар Грашо, Тони Цетински и Данијела Мартиновиќ се дел од неговите колеги кои се присутни на настанот.
Погребот е закажан за утре во 18 часот.