Здравје // Совети
ДРАСТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СМРТНОСТА ОД КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА: Во последната недела има 97 смртни случаи, по втор пат се заразиле 1.559
Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, за 76,4% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје-38. Во однос на возраста, најголем број (n=85; 87,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и 30-39 години (2), објави Институтот за јавно здравје во анализта за состојбата со ковид-19 за периодот од 17. до 23. јануари.
Тестирани се вкупно 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела.
Детали читајте на Фактор тука.