ДУРИ 80 ОТСТО ОД ЖРТВИТЕ СЕ ЖЕНИ, РАСТЕ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА - Државниот завод за ревизија со анализа

Претставници од Државниот завод за ревизија учествуваа на кампот (Bootcamp) за родови податоци кој се одржа во Измир, Турција во организација на канцеларијата на UN Women во Република Северна Македонија.

Целта на кампот беше да се подигне свеста за користење на родовите податоци и да се постигне поголема родова еднаквост во насока на исполнување на Целите за одржлив развој.

Во текот на кампот, учесниците се фокусираа на анализа, толкување, визуелизација и комуникација на податоците, користејќи нови вештини и истражувајќи официјални податоци и отворени извори за развивање на решенија за родова еднаквост за прашања како што се ставање крај на семејното насилство, економско зајакнување на жените, како и значајното политичко учество на жените во процесите на одлучување.

Детали на Фактор тука.