ДВА БРЗИ ТЕСТА ВЕ МОЛАМ И ДАЛЕРОН: Најпродаваните производи во аптеките во последниве два-три дена

Добивај вести на Viber

Според податоците од Институтот за јавно здравје, бројот на позитивни случаи на корона вирусот во првите три дена од новата година се намалува, но колку е реална оваа состојба. Информациите кои доаѓаат од аптеките, како и од матичните лекари се загрижувачки и оттаму нагласуваат дека бројот на новозаразени, односно бројот на активни случаи во Македонија е многу поголем од 4.800 лица. Од повеќе аптеки со кои контактираше Фактор посочуваат дека овие неколку дена најмногу продаваат брзи тестови и табли далерон, парацетамол, витамин Ц...

-Ова и онака е сезона на настинки и грипови, но секој втор човек што ќе влезе во аптекава бара најмалку два брзи теста за детекција на корона вирусот, а некои земаат  за целото семејство, четири-пет, зависи дома колку членови се. Задолжително купуваат антипиретици-таблети за симнување на температура, како и витамин Ц, аспирин 100 протект...Генерално терапија која се дава на оние кои се заразени со вирусот, но имаат благи симптоми. Дали откако ќе ги направат брзите тестови и се утврди дека се позитивни, прават и ПЦР-тестови, со кои влегуваат во системот и официјално се дел од бројката, не можеме да тврдиме, но дека „на големо“ продаваме брзи тестови, тоа е факт, велат фармацевтите во најмалку четри аптеки во Скопје.

Истовремено и матичните лекари потврдуваат дека имаат пациенти кои се тестирале со брзите тестови за домашна употреба, кои се позитивни на Ковид-19, но кои не прават ПЦР-тест, и тоа од повеќе причини.


Повеќе на Фактор.мк