20 години не ја стрижела косата, не можела ни да ја исчешла ни да ја измие: Од причината ќе заплачете (ВИДЕО)
Долгата коса отсекогаш била симбол на женственост, но симбол на слобода и борба. За двата пола, косата е сила, но за жените е многу повеќе од тоа.
Се вели дека долгата коса е копнежот на секоја жена и сон на секој фризер. Сепак, можеби и не било каква долга коса. Германката Стефани не ја скратила косата 20 години, а кога конечно одлучи да го направи тој чекор, нејзината коса тежела четири килограми.
Целиот процес беше прилично емотивен за неа - поради самата промена, поради ветувањата што ѝ ги дала на нејзината мајка.
Досега, таа никому не признала зошто одлучила да ја остави косата да расте толку долго. Имено, пред да почине нејзината мајка, оваа девојка и ветила дека нема да дозволи никој да ја шиша, но и да не ја допира.
Нејзината мајка ја сакаше долгата коса на нејзината ќерка и често и помагаше во стилизирањето.
Проблемите настанаа кога Стефани не можеше соодветно да се грижи за косата - со години не можеше да ја чешла или да ја измие косата целосно.
Еднаш неделно, таа успеваше да го измие делот близу до врвот на главата, а потоа да ја врзе со дебел стегач. Таа се обидела да ја исчешла, но тоа само дополнително ќе ја замрсело. Дефинитивно се откажала кога нејзината коса била целосно заплеткана и кога косата го допирала подот - тогаш одлучила да се потстриже.
Целиот процес е снимен во видеото. Оваа девојка, која наскоро и самата ќе стане мајка, ја претрпе трансформацијата доста емотивно.
Опавчето и беше исечено и тешко четири килограми, а по фризурата Стефани ја промени бојата на косата.
Како што рече, кога ќе се роди нејзиното мало девојче, ќе се погрижи да има и долга коса, за која ќе се грижи и чешла секој ден, за да не дојде во ситуација како нејзината мајка.
Извор: телеграф.рсPrintskrin: Facebook/Fabiosa Deutschland