Двајца топ македонски манекени ќе го освојуваат Милано и светот: Згодни и секси

Добивај вести на Viber

Ние имавме неколку манекени кои направија пробив на светската сцена, но и денес неколку веќе работат за тамошните пазари. Иако манекенките најчесто се најмногу барани, сепак модната индустрија за мажи е во огромен подем и се поголем е бројот на машки модели кои ги презентираат парчињата облека.

Само двајца наши манекени се ексклузивци на турската модна агенција „Даман“ со седиште во Истанбул. Агенцијата располага со огромен број на машки модели од целиот свет за кои успева да им најде ангажман и пробив.

Но, нашите се во предност. Едниот е Христијан Богески, кој веќе имаше неколку рекламни кампањи, ревии и едиторијали, а другиот е Мартин Сипковски исто така со богато модно портфолио. 

Христијан го бараат и во Дубаи, поради специфичните црти на лицето, а Мартин за бројни фотосесии поради неговиот харизматичен лик. 

Сега заминуваат за Милано, каде се повикани на кастинзи за модните недели. Секако, ги очекуваат и во Барселона.

Еве како изгледа Христијан во најновата фотосесија, инаку поранешен фудбалски судија.

А, еве како Мартин: