Две пријателки во своите 50-ти носат тренди облека и им пркосат на предрасудите: „Луѓето велат дека изгледаме како да имаме 20 години, само со седа коса“

Добивај вести на Viber

Нивниот стил ја воодушеви јавноста

Луиза (52) е австралиска манекенка и фотографка, а своето видео го сподели со преку 160.000 следбеници на TikTok.

Имено, таа на спотот соработувала со помлада пријателка, а суштината на тоа е што двете дами со седа коса се фалеле додека се шетале.

 „Имаме 50години и имаме стил... носете го она што прави да се чувствувате добро“, рече Луиза. Луиза и Ванеса среќно се смешкаа додека чекореа, со рацете една на друга околу половината. 

Луиза носеше црна проѕирна ролка и сребрено металик здолниште, заедно со пар црни чизми. Ванеса избрала едноставен мал црн фустан кој го спои со црн блејзер и соодветни чизми. Луѓето беа опседнати со енергијата на двете дами.

 „20-годишни со седа коса“, рече еден коментатор, истакнувајќи го младешкиот дух на 50-годишните жени.

„Вака не изгледав ниту во моите тинејџерски години“, се пошегува друг. Видеото инспирираше  и други. „Ќе бидам чудесна на 50 години“, рече друг коментатор.


Фото: ТикТок