Двојка се спакува за една недела во рачен багаж: Открија едноставен трик, но има еден услов

Добивај вести на Viber

Тие сакаа да ги истражат „границите на ефикасноста на пакувањето“

Јутјуберите од Финска, Лаури и Хана, објавија урнебесно видео кое привлече големо внимание.

Откриле дека во рачен багаж е возможно да се спакуваат работи за една недела, а се што е потребно за „подвигот“ е хидраулична преса од 150 тони!

Лаури и Хана сакале да ги истражат „границите на ефикасноста на пакувањето“ и просторноста на рачниот багаж, пренесува „New York Post“.

Во текот на осумминутното видео тие покажаа бучна, цилиндрична преса која намалуваше разни работи и ги претвораше во „дискови“.

Меѓу нив има голема јакна, чорапи, кошули, но и батериска ламба, фен, пакувања чипс... Кога завршиле, во куферот имало уште место за одредени електрични уреди кои не сакале да ги смачкаат.


„Мислам дека нема да има проблеми при распакувањето. Едно пеглање и сѐ ќе биде како ново“, со насмевка ѝ рече на Лаура.

Корисниците оставија бројни коментари, а еден се прашуваше: „Навистина ме интересира како би изгледала царинската проверка на овој куфер“.

Извор: Telegraf.rs