Џенифер Анистон е чист доказ дека жената во педесетите не мора да се облекува по шема: Во тесен мини фустан е бомба
Актерката неодамна призна дека и е тешко да се дистанцира од нејзините славни денови во деведесеттите
Додека модата и трендовите се менуваат, Џенифер Анистон докажа дека убавината и стилот не познаваат години. Често се вели дека жените над 50 години треба да избегнуваат мини фустани и здолништа, но Џенифер докажа дека тоа не е вистина.
Нејзината храброст да избере мини фустан во нејзините 50-ти и понатаму инспирира многу жени ширум светот. Таа е совршен пример за тоа како стареењето не треба да ја ограничува слободата на избор на жената, особено кога станува збор за модата.
Џенифер Анистон е стилска икона која постојано не потсетува дека самодовербата е најважната состојка на убавината. Таа докажа дека не е важно колку години имаш, туку како се чувствуваш во своја кожа.
Сите имаме нешто што не прави посебни, а Џенифер Анистон со својот изглед и стил докажа дека годините нѐ треба да не спречуваат да бидеме тоа што сме и да се чувствуваме добро во своја кожа.
Нејзината порака е едноставна - не дозволувајте општествените стандарди или предрасуди да ве ограничуваат на кој било начин. Бидете свои, изберете го она што го сакате и носете го со гордост, без разлика на возраста.