ЏОРЏЕ ДАВИД ГЛЕДА ЅВЕЗДА ВО НЕГО: Интервју со младиот талент Дамјан Димевски
Македонската јавност сѐ уште е под импресии од последниот настап на 16-годишниот Дамјан Димевски, тинејџерот кој од прва ги освои симпатиите на публиката во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Вели дека музиката е негова најголема пасија, но и водилка во животот.
Димевски
е ученик во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“, каде што
секојдневно се надоградовува и учи за музиката и за музички жанрови. За ова
талентирано момче толку да ја засака музиката голема заслуга има неговиот дедо
и признава дека истата сериозно размислува да му биде и животна определба. „Мој
идол е Тоше Проески и тој ми е голема мотивација во патот кон музиката“,вели
Дамјан.
Македонските, но и балканските љубители на добрата песна, Дамјан најпрво го
запознаа во музичкото шоу „Неки нови клинци“ каде што се натпреваруваше на само
13 години. Денес, три години подоцна, тој застана на сцената на најголемото
музичкото натпреварување на Балканот „Ѕвездите на Гранд“.
- Се одлучив за овие натпреварувања за да го искажам мојот талент, она што го поседувам, на публиката и на оние кои што се пообразовани во тој правец - истакнува Дамјан кој со задоволство пее забавна, но и народна музика.
Неговото семејство како најголема поддршка е секогаш позади сцената. За понатамошното учество во ова шоу, за младиот пејач лично се заложи извонредниот рокер Џорџе Давид, кој му дава насоки за подобро да се претстави пред останатиот дел од жирито. Џорџе заедно со Давид ги одбира песните со кои тој се претставува, му го покажува начинот на изведба и уште многу други работи што се повразани со музиката.
- За мене сите коментари имаат еднакво значење, но најмногу ми значат коментарите и критиките од мојот ментор затоа што тој ги гледа моите промени. Ова шоу не го гледам како класичен натпревар, туку во него се обидувам да го покажам својот напредок - појаснува Дамјан.
И покрај обврските во училиште, но и постојаните патувања во Белград каде што се снима шоуто, на Дамјан засега му успева со многу труд да биде активен и 100 посто посветен во овие два сегменти од неговиот живот.
Ова младо момче, заедно со својот другар Васил Ангелов, моментално подготвуваат кавер за „Душо варљива“ која во оригинал ја изведува Влатко Лозаноски. Дамјан е превозбуден за истиот и искрено се надева дека ќе ѝ се допадне на публиката. Ние му посакуваме многу успех во остарувањето на оваа цел, но најпрво навиваме за победа во музичкото натпреварување.
И.М.