Еден ден ќе треба да се укинат ковид мерките, но уште не е тој ден, несериозно е намерното заразување, велат епидемиологот Стојанов и д-р Стевановиќ
Се очекува ли последниот бран на ковид оваа пролет, експертите по ова прашање имаат поделени мислења. По најавите дека од следнава недела дел од европските земји ќе ги укинат сите антиковид мерки, научната фела вели дека можеби засега тоа ќе биде привилегија на побогатите држави, онаму каде што има опфат на вакцинација повеќе од 80 отсто и онаму каде што први ќе имаат пристап до надградените вакцини против варијантата омикрон, мутација која успешно го заобиколи имунитетот стекнат по природен пат со прележување, како и антителата создадени по вакцинацијата.
За отсранување на маските, прогласувањето на ковид сретификатите дека се непотребни, и за укинување на останатите мерки донесени со цел спречување на понатамошното ширење на корона вирусот во Македонија е прерарано, сметаат епидемиологот Александар Стојанов и директорката на Клиниката за Инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ.
Детали читајте на Фактор овде.