Еден знак ќе има среќа цел живот: Фараонски хороскоп неверојатно прецизно ја предвидува судбината
Сет, богот на молњата и бурите (22 јули – 18 август)
Сет е бог на молњата и бурите и на припадниците на овој знак им дава интензивна страст. Ним им треба личност со избалансиран карактер и темперамент која ќе знае како да се справи со нивните бурни емоции. Многу им е важно нивниот партнер да биде привлечен и за другите и сакаат кога во јавност ги опсипува со внимание. Децата на Сет освојуваат со својот достоинствен изглед и аристократско држење на телото, а нивните бои се портокалова и златна.
Анубис, бог-заштитник (19 август – 21 септември)
Анубис на своите деца им обезбедува среќен и мирен љубовен живот. Родените во овој знак се одговорни, интелигентни, чесни, емотивни и романтични, а недостаток им е што немаат иницијатива. Во потрага се по некој кој ќе знае како да ги препознае нивните квалитети.
Сакаат да бидат заведувани, и тоа полека, а од врската очекуваат сигурност. Нивниот идеален партнер мора да биде загонетен и малку мистериозен, бидејќи ги одбива преголемата искреност и отвореност. Нивната боја е темно сина, а оружјето за заведување е нивната интелигенција.
Ра, бог на Сонцето (22 септември – 15 октомври)
Одмерени, полни со љубов и внимание, родените под заштита на богот Ра со леснотија го наоѓаат лицето за живот во пар. Со задоволство примаат комплименти, ама и дарежливо ги делат. Во друштво се многу омилени и едноставно впленуваат со својата неодолива харизма. Недостаток им е што се колебливи и што тешко се одлучуваат при избор на партнер, особено ако разумот им се бори со срцето.
Доколку сакаат среќна иднина, не треба да се осврнуваат на минатото. Зелената боја им носи среќа, а заведуваат со својот шарм.
Изида, божица на чудата (16 октомври – 9 ноември)
Изида е божица на плодноста, заштитничка на бракот и мајчинството, но и на чудата. Луѓето родени под нејзина заштита имаат силна интуиција и магична моќ. Нивната волшебна насмевка едноставно маѓепсува, па не им е тешко да го освојат личноста која им се допаѓа.\
Во љубовта се предаваат со сето свое срце, затоа што сакаат да ја направат среќна саканата личност. Исклучително се страсни и ослободени од секакви предрасуди, за нив не постои забрането овошје. Црвената боја им носи среќа, атаинственоста е нивното моќно оружје.
Тот, бог на мудроста (10 ноември – 3 декември)
Родените под знакот на Тот, бог на мудроста, тешко ги изразуваат своите чувства, но секогаш делуваат расположено и безгрижно. Ги привлекуваат авантури и нови пријателства, а најмногу им одговараат личности кои ќе бидат нивно „сигурно пристаниште“, каде ќе се враќаат по возбудливи авантури и патување.
Комплицирани се и често го менуваат расположението, па претставуваат вистинска мистерија за другите луѓе. Среќната боја им е пурпурната, а најмоќното оружје – оптимизмот.
Хатор, божица на уметноста (4 декември – 31 декември)
Тие се „вљубени во љубовта“. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и кој ќе знае како да ги инспирира чувства што им се вртложат во длабочините на нивната душа. Хатор е божица на уметноста и музиката и нејзините деца ги красат нежни емоции.
Колку и да ја посакуваат вистинската љубов, во исто време се плашат од неа, поради што понекогаш се однесуваат воздржано и студено. Имаат голем сексуален потенцијал и се верни брачни другари. Нивната боја е темно зелена, а заведуваат со својата мистериозост и независност.