Единствена фризура која треба да ја има секоја жена над 50 години: Ќе ве подмлади за 10 години (ФОТО)
Најефективен начин за подмладување е да изберете добра фризура
Ако изберете добра фризура, можете да изгледате и до 10 години помладо. Стилистите нагласуваат дека кога ќе наполни 50 години, секоја жена треба да се води според следниве правила:
Прво и најважно е да се грижите за вашата коса и редовно да ја кратите за да не се расцветуваат врвовите. Колку сте постари, толку треба да ви биде пократка косата, иако ова правило не е толку строго, се согласуваат тие. Идеалната должина е, всушност, до или малку под рамената.
Главниот трик е да ја одржувате потстрижена и разбушавена. Асиметрично исечената коса е полн погодок. Овој „момент“ во обликувањето на фризурата дава доза на младост и ги истакнува најубавите црти на лицето.
Избегнувајте големи кадрици или целосно права, испеглана коса. Вака стилизирана коса „додава“ старост на лицето.
Што се однесува до бојата, советот е да изберете топли тонови и да ја обоите косата неколку нијанси посветла од природната боја. Ако сте природна русокоса, немојте никогаш да ја белеете косата. Наместо тоа, додадете неколку прамени во боја на мед.
Извор: stil.kurir.rs