Една вистина и една лага: Кога облеката зборува, а тоа го може само Лила (ФОТО)
Не можете да погрешите со оваа комбинација на бои
Црно-белата комбинација се смета за водечка комбинација бидејќи зрачи со едноставност, умереност и елеганција.
Познавачите на модата ќе ви кажат дека постои само една комбинација на бои која никогаш не излегува од мода, а тоа е црно-белa.
Имено, црно-белите комбинации на облека се класични, практични, безбедни, одлични се за различни пригоди и никогаш нема да погрешите доколку ги изберете.
Дека оваа комбинација на бои е секогаш во тренд, сведочат и познатите дами кои на одличен и модерен начин носат црно-бели комбинации.
Без разлика дали се работи за јакни и бунди што ги носи латино дивата Џенифер Лопез или црно-бели фустани што ги носи кралицата Летиција, моделите Ирина Шајк и Каја Гербер, овие две бои се комбинираат за да создадат уникатен аутфит.
Една безвремена комбинација демонстрираше и познатата ТВ водителка кај нас Лила Филиповска.
Таа одлично ги спои црната и белата.
Ролката во црно-бело пруги ја искомбинира со мини сукња, црн каиш и црно-бели патики.
„Црно и бело е се
Една вистина и една лага.“ - напиша Лила покрај фотографиите.
Подолу може да погледнете повеќе идеи како да искомбинирате црно и бело.
ФОТО: Инстаграм/Пинтрест