Една во милион: Поради ретка генетска болест, може да го направи ова со рацете (ВИДЕО)

Данијела има ретка генетска болест наречена клеидокранијална дисплазија, поради која нема клучна коска.

Данијела ги запрепасти своите следбеници на TikTok кога покажа, како што тврди, одлична забава.

Всушност, таа откри како лесно може да ги спои рацете, од рамењата, сето тоа „благодарение“ на многу ретка состојба наречена Клеидокранијална дисплазија.

Станува збор за ретка генетска болест која се карактеризира со различни аномалии кои влијаат на растот и развојот на коските, главно на черепот, лицето и клучната коска, поврзани со промени во формирањето на забите.


-Кога некој ќе праша што можам да понудам, трикот со клучните коски функционира секогаш- напишала Данијела до видеото.

Луѓето беа целосно изненадени, па веднаш почнаа да се редат коментарите:

„Зошто го видов ова, ако не можам сам да го направам тоа?“

„Леле, каков трик, прекрасно“

„Никогаш не сум видел вакво нешто“ - беа само дел од коментарите.

Дали некогаш сте слушнале за оваа состојба?


Фото и Видео: ТикТок