Експертите велат дека најлуксузната боја за коса е водечки тренд во салоните: Им стои на сите, а ја покажаа и познатите жени

Добивај вести на Viber

Доколку размислувате за промена на бојата на косата, една нијанса која доаѓа во фокус оваа есен е т.н. „млечно русокоса“, односно млечно русата нијанса за која велат дека е вистински хит. Станува збор за свежа, свилена нијанса на руса боја која всушност е освежување на класичната платина нијанса.

- Оваа нијанса е инспирирана од платинесто русокоса, но има полуксузен финиш, што се постигнува со техниката на прамени, наместо со една боја во косата - објасниле фризерите за Glamour. Како една од предностите на млечно русокосите нијанси го истакнуваат фактот дека не е ниту премногу топол ниту премногу ладен, што значи дека одговара на сите, без разлика на тонот на кожата.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Polko (@laurapolko)



Оваа нијанса ја сака и Ким Кардашијан, која за да го постигне посакуваниот тон на косата, помина дури 14 часа во салонот, а потоа новата фризура ја прошета на црвениот тепих на Мет Гала. Повеќето фризери не препорачуваат ваква драстична промена, туку етапно нијансирање.

Клучно е да се користи техниката на прамен бидејќи ваквото боење ја „омекнува“ косата и ѝ дава сјај, димензија и длабочина и што е најважно поприроден изглед.

View this post on Instagram

A post shared by DW CREATIVE GROUP (@dwcreativegroup)



Може да земете предвид и млечно руса нијанса ако сте бринета, бидејќи колористите велат дека изгледа одлично кога се носи со потемни корени, каде коренот може да биде основна боја, а прамените потоа се „наградуваат“ и се затемнуваат за да се постигне млечно русокос изглед. За да се добие тој млечен финиш, боењето треба да се комплетира со пепел/бисерно сина нијанса.


Foto: screenshot