Елегантна и едноставна, сопругата на Симон Трпчески, Даниела, прими награда во име на сопругот на „Денови на македонската музика“ (ФОТО)

Во елегантен розов фустан и со дискретна шминка, сопругата на пијанистот Симон Трпчески, Даниела, изгледаше одлично на манифестацијата „Денови на македонската музика“, чиј гала концерт  се одржа во Националната опера и балет.

Даниела дојде да ја прими годишната награда „Георги Божиков“ на СОКОМ, чиј носител годинава е маестро Симон Трпчески. „Јас како претставник на семејството ќе ја примам оваа награда во името на Симон кој е на турнеја низ САД“, рече Даниела и додаде дека секоја награда за маестро Трпчески е поттик за уште поуспешна работа.

На почетокот од пандемијата, минатата година во мај, Симон во интервју за Женски магазин меѓудругото зборуваше и за своето семејство.

-Ќерката Лара е десет години, синовите Стефан и Андреј сега скоро ќе прават четири. Не ни е здодевно, играме најразлични игри, читаме книги, гледаме цртани и играме Игри без граници. Тука понекогаш има лутење, па ќе попуштаме, па ги учиме основните правила и вредности дека мора некогаш и да изгубиме. Лара како поголема сестра многу ги анимира близнаците и е прекрасна во тој поглед. Тие ја слушаат, некогаш ќе се зграпчат, некогаш не, но убаво е што давјацата си се друштво за себе, и тоа е една позитивна страна кај близнаците, сигурно сите што имаат близнаци го знаат тоа и многу подобро од мене, ако се постари“, ни изјави маестро Трпчески.

Во претходно интервју, тој има изјавено дека Даниела ја запознал во средно училиште , а го привлекла со убавината и со праведноста. Во брак се повеќе од 12 години.

-Не знам да готвам за жал, многу би сакал да научам. Веројатно тоа ќе се случи на некои повозрасни годиини, бидејќи сметам дека тоа ќе биде едно фанстастично релаксирање на мозокот. Мојот мозок е сега презафатен, бидејќи секој ден работам на пет континентни истовремено. Сопругата е задолжена за сето тоа и само ги подобрува своите способности во кујната, и морам да ја пофалам и да ѝ се заблагодарам што е тотално посветена на децата. Со една ваква специфична професија како што е мојата, имањето партнер којшто покажува разбирање е бесценето. Супер се храниме и многу вкусно морам да признааам, и баш ни е супер“, изјави Симон за Женски магазин минатата година.

На гала концертот на кој дојде Даниела Трпческа настапија солистите и оркестарот на НОБ, со арии од најмаркатните македонски композитори: Катерина Стојановска- сопран, Горан Начевски- баритон, Јане Дунимагловски- тенор, Невен Сиљановски- баритон, Арфмандо Ликај- баритон, Васко Здравков- баритон.  Диригираше Иван Еминовиќ.

М.Џаровска