Елегантна и сензуална: Модни предлози за новогодишната вечер
Новата година со себе носи нови животни предизвици. Треба да ја дочекаме со раширени раце, голема насмевка, безброј желби и модерни парчиња во кои се чувствуваме свои. Затоа Женски Магазин нуди 3 хит модни комбинации за нашите жени и девојки да бидат подготвени за „најлудата ноќ“ во годината.
1. Здолниште со светки во комбинација со еднобојна блуза или топ
Овој период од годината е резервиран за светкави парчиња. Секако не смеете да претерате за да не изгледате како новогодишна елка. Доволно е едно тренди здолниште со светки и тоа во бојата која е апсолутен хит сезонава- небесно сина.
2. Комбинезон за дамите кои не се фанови на фустани
Доколку не сте љубители на фустани, комбинезонот е совршениот избор за Вас. Најдобро од сѐ е што може да се прилагоди на дами со секаков стил. Доколку сакате да бидете елегантна и сензуална, може да изберете црн комбинезон со деколте на „V“ и со колан на половината. Ќе ја истакне Вашата женска фигура и ќе биде доволно на себе да имате минимално модни додатоци.
Одличен избор се и комбинезоните во некоја интензивна боја, но и црнобелоите комбинации.
3. Мал црн фустан
Класика која никогаш не излегува од мода. Елеганција во движење, за која е доволно само малку имагинација на играње со модни додатоци за својот новогодишен стил да го доведете до совршенство.
Малиот црн фустан го има во секакви модели и должини, но она што е важно е дека ќе Ве направи да се почувствувате како вистинска модна дива.