Елена Ристеска игра на сигурно: Црни парчиња облека кои треба да ги има секоја жена (ФОТО)
Црната комбинација е секогаш сигурна комбинација за која било пригода. Тоа е бојата која симболизира елеганција и отменост.
Црната боја визуелно ја стеснува и издолжува фигурата, па облеката во оваа боја се наоѓа во повеќето женски гардероби. Жената секогаш изгледа убаво и добро облечена во црна облека.
Токму таква црна комбинација изминатиот период често одбира и поп-пејачката Елена Ристеска. На неколку јавни појавувања одбрала стајлинг со црна боја. Комбинација на црно палто со куси панталони, кус фустан и кожена јакна.
Елена одлично изгледа во сите од одбраните комбинации. На дел од нив се потпишуваат и модни дизајнери, а дел се избор на пејачката.
Во продолжение погледнете како може да ја комбинирате црната боја во различни стајлинзи.
Црните панталони се исклучително флексибилно парче облека кое може совршено да се комбинира за дневни и вечерни пригоди. Можете да ги носите на работа, шопинг, на кафе со пријателите, но и на вечерно излегување.
Црните панталони ќе изгледаат одлично со чевли и чизми со високи потпетици, чизми до глужд со рамен ѓон, балетанки и секојдневни чевли. Добро се комбинираат со елегантни блузи и едноставни памучни маици.
На пазарот може да се најдат различни модели на црни панталони, кои можете да ги адаптирате на вашиот вкус. Оваа зима се носат панталони од вештачка и вистинска кожа, кадифе, тексас, твид и памук.
Црните фустани се едноставно незаменливи. Одговараат за секоја пригода. Долго време се незаменлив гостин во гардеробата на повеќето љубители на класичната мода, но и на сите други дами кои сакаат да поседуваат безвременски и неутрален фустан.
Фото: Инстаграм