Елена Ристеска: „Јас им простив на сите“- ексклузивно во „КАЖИ ШИФРА“ на Женски магазин
„Нема ниту еден бизнис како шоу бизнис каде си опкружен во море од ајкули“- е само дел што го кажа нашата музичка ѕвезда Елена Ристеска во подкастот „Кажи шифра“ на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк. Ристеска за прв пат воопшто гостува во некој подкаст, а ние ја имаме ексклузивно.
Разговараме за многу нешта и се обидовме да „декодираме“ некои животни шифри, а ѝ приредивме и едно изненадување кое веруваме нема да ве остави рамнодушни поради „пецкавата“ содржина. Но веруваме дека од срце ќе ве насмее.
Елена е 20 години на музичката сцена, поминала се и сешто, од разноразни коментари за неа, до судски спорови. И некако секогаш е во центарот на вниманието дури и кога не прави ништо, а за тоа има добар одговор. Беше сосема искрена во одговорите, непосредна и елоквентна. Вели дека нејзините родители ја воспитале да биде добра со луѓето, дека мора да се избори за тоа што го сака...
Еве го целиот подкаст во кој и ќе се насмеете и ќе ја видите Ристеска од малку поинаков агол, а знае да направи шоу, она што им е примарна задача на изведувачите.
Погледнете го целиот подкаст КАЖИ ШИФРА: