Емотивен концерт за Маринко: Андрија и Огњен не го заборавија својот пријател

Добивај вести на Viber

Актерот Андрија Милошевиќ и водителот Огњен Амиџиќ вчеравечер во „Театарот на Брдо“ направија концерт посветен на прерано починатиот пејач, Маринко Маџгаљ.

- Музичарите и актерите ќе се приклучат на концертот, додека Фламингоси ќе го одржат својот прв концерт во Белград, концерт што никогаш не успеаја да го одржат- изјави Огнен Амиџиќ, водител во неговото шоу, а Андрија Милошевиќ додаде:

- Концертот е во чест на Маринко, кој никогаш нема да биде заборавен, тој беше шегаџија, и оваа ноќ не е од комеморативен карактер, весело е затоа што сакаме да го паметиме по радосно.

Публиката имаше можност да слушне добра музика, да ги слушне актерите како пеат, но и да слуше анегдоти од животот на Маринко.

Дел од присутните беше и нашата пејачка Каролина Гочева, која со Фламингоси го испеа хитот „Ти и ја“.