Епидемиологот Кон открива: Се наѕира крајот на пандемијата
Д-р Кон е оптимист!
Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон, кој гостуваше на ТВ Прва, го коментираше пристигнувањето на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“ утринава во Србија.
-Тоа е огромно охрабрување, значи во земјата веќе ја имаме вакцината, а сега сè што бара законот треба само да помине. Тоа е спас во оваа ситуација, во борбата што веќе ја водиме цела година, сериозно гледаме дека сме, не можам да кажам колку блиску, но се наѕира крајот на пандемијата. Сами ќе го подигнуваме тој колективен имунитет, ако се организираме добро. Многу зависи од нас, во комбинација со мерките што веќе ги спроведуваме, треба да се биде малку оптимист. Постојат и негативни работи во однос на новиот сој, но генерално гледано мислам дека ситуацијата е многу подобра отколку што беше , изјави д-р Кон.