Еротски приказни: БРОДСКА ИДИЛА

Добивај вести на Viber

Откако знам за себе, желба ми беше да седам на палуба на мало бротче и да уживам. И со тоа да заборавам на сите проблеми што ми беа надвиснати како дух и ме гонеа. Најверојатно, поради тоа што сакав да избегам од реалноста и да уживам во мојата фантазија. Сакав да ја почувствувам мојата сигурност и самодоверба на бродскиот под, кој под влијание на брановите се движи под моите нозе, кои, пак, ги држам цврсто и сигурно. Никогаш не верував дека тоа ќе ми се оствари.

  Облечена во секси костим за капење, седнав на палубата и гледав во сино-зелената чиста вода од која дури од длабочина можеа да се видат поголеми и помали рипки кои слободно си пливаа во морето. Глетка што не ги изостава и птиците кои беа во изобилие и небото кое се прелеваше од нивните различни бои од сино, до бесконечно сино. Меѓутоа, немав чувство дека моите нозе се толку стабилни и дека бајката е успешна.

  Сепак, во таа бесконечност се наоѓав себеси и оваа атмосфера ми даваше искра надеж дека ќе се среди сè, но полека и трпеливо. Со тоа што претпладнево Ема ми ја довери нејзината тајна, ми значеше многу иако не беше реална, меѓутоа се уверив дека има некој во светот кој мене ме цени и ме почитува. Се трудев да не мислам, но мислите сами ми доаѓаа како незапирлива река и не престануваа. Мора да се среди оваа глупава и безизлезна ситуација со Ема.

  Ако јас се извлеков од тие жестоки канџи сосема сама, Ема нема да биде сама и сè ќе направам за да ја заштитам сè до оној момент додека не се најде решение. Чашата вино што ја држев в рака и пиев, полека, мераклиски ме опушташе, ми даваше енергија, а се олабавив дури по втората чаша. Некогаш е потребно чаша вино, пиво или таблета за да се почувствува некој моќен во душата.

  Дојде Ема и седна до мене. Ме гушкаше и под нејзината прегратка забележав треперење. И шепнав тивко, најтивко, бидејќи бев многу погодена од она што ми го раскажа: „Ема смири се, те молам. Ќе смислиме нешто, заедно сме посилни“.

  Ја гушнав силно, меѓутоа Фис дотрча и речиси нè искара: „Придружете ни се на горниот дел од палубата, мои дами. Ние ве чекаме да се забавуваме“.

  Станавме и отидовме горе на палубата. Хуго не беше сè уште качен. Фис сакаше да биде интересен, па прво не прегрна двете. Ми беше одвратен неговиот допир и се тргнав механички како некој да ме попарил со жешка вода.

  Тој ја гледаше Ема право во нејзините мили очи и ја повлече силно кон него. Двајцата се наведнаа и се превртија на палубата. Таа падна врз него и тој продолжи да ја гушка и бакнува. И ги гледаше градите преку горниот дел од костимот за капење со голема страст. Потоа, ѝ го соблече горниот дел од костимот за капење и започна да ѝ ги лиже градите и нешто ѝ зборуваше на уво. Ема се зацрвени, но јас ѝ климнав со главата дека сè е во ред.

  Претпоставував дека за да остане главен и за да ја контролира ситуацијата тој е способен да одглуми некоја сцена. Се почувствува уште помоќен и ја стави раката на Ема на неговиот „орган“, кој само што не „излегол“ од панталоните, и ѝ рече: „Едвај чекам да ме допреш. Подготвени сме двајцата. Мојот „орган“ ги чека копнежливо твоите бакнежи. А ти Нада, ако те возбудувам, можеш слободно да ни се придружиш. Уживам во секс во тројка. Како фитиљ сум, кога ќе се запалам најмалку две девојки треба да ме „гасат“. А Ема може да ти се пофали дека ваков љубовник како мене е редок случај“. На крај се насмеа зајадливо.

  Го погледнав и си помислив дека овој Фис е голем фалбаџија. Многу си има земено за право. Не е свесен дека животот може во момент да го удри и да се најде долу, најдолу, со обѕир дека не е ниту коректен, ниту чесен, туку напротив сосема спротивен.

  Зад мене го слушнав Хуго како чекори и како Фис му довикува: „Полека другар, води си љубов со Ема, мене остави ми ја Нада. Не биди настојчив. Уште кога ја видов Нада, многу ми се допадна“. Во друга прилика остро би реагирала и би заминала од двајцата. Секој си има свое достоинство и гордост, меѓутоа морав да бидам присутна поради Ема. Во овој момент, колку и да звучеше непристојно, Хуго ми личеше на спасител. Дури и љубезно му се обратив на Хуго, потврдувајќи дека и јас кога го видов првпат, многу ми се допаднал.

  Хуго се качи горе и ми ја подаде неговата рака и ми ја фати мојата. Ми звучеше и ми делуваше како вистински џентлмен кога ми се обрати љубезно: „Принцезо, госпоѓо, време е по ручек. Како цел нормален свет, ајде ние двајцата да одиме долу да одмориме. Фис секогаш ги греши чекорите, но треба да оди по некој редослед со кој најпрво луѓето се запознаваат, па потоа си се допаѓаат еден на друг и ако почувствуваат симпатија еден кон друг, си објавуваат љубов“.

  Слеговме долу и влеговме внатре. Навистина, бродот беше раскошно уреден. Хуго стави уште по една чаша вино и ми кажа: „Тоа сум јас Нада Пантас. Сакам познанства, а дали ќе излезе од тоа љубовна врска веќе е друг момент. Важно е нашето дружење. Обожавам друштво од убави и интелигентни жени како што си ти. И среќен сум што му се спротивстави на Фис во неговите примитивни потези. Секогаш прави вакви непромислени грешки“.

  Не му одговорив ништо. Едноставно, прв момент ми беше да не го расипам дружењето. Не можев да претпоставам дали ова се провокации или негово мислење. Едвај ги познавав и двајцата. А втор момент ми беше Ема. Таа ми беше важна и затоа уште бев овде.

  Седевме и си разговаравме, и по извесно време, на Хуго му заѕвони мобилниот. Се јави газдата на бродот за да го извести за еден час да го ослободи бродот како што се договориле. Се договорија и Хуго се качи горе за да ги викне Фис и Ема да слезат за да се спакуваме и за да си одиме. Слегоа и обајцата. Беа весели, особено Фис, така што без двоумење го напуштивме прекрасното бротче и кусиот престој во него.

ПРИЈАТЕЛКИ