Еротски приказни: MOJOT ЖИВОТ
Како се приближувавме кон земјата во која бегам, срцето ми биеше забрзано. Можеби на моиве маки ќе има крај. Цел живот ми беше тежок, а особено последниве години од како сум во брак. Ги затворив очите додека стигнавме. Многу труд вложив во моево бегство и по пат се сеќавав на тие моменти бидејќи досега сè потиснував во себе.
Секој ден кога се враќавме од училиште со моите другарки, поминувавме по кафеаната во која седеше Џино. Тој ме меркаше, ми дофрлуваше, но јас не реагирав. Но, несреќата сама доаѓа. Едно попладне се враќавме од практика, дотрча некој од тие негови заштитници и дрско ми нареди да седнам со него. Јас, нормално, го одбив и тој ми довикна: „Ќе бидеш моја, сакала или не!“ Не му поверував, но некој страв ми се вкорени в глава и оттогаш каде и да одев, внимавав да не го сретнам. Меѓутоа, тој тоа не го заборавил и решил да ја оствари својата намера и ја оствари.
По кусо време се случи еден немил настан. Една ноќ татко ми дојде целиот в крв и со модрици. Ме разбуди и ми кажа: „Мери, јас сум лош човек. Од мене избега мајка ти, баба ти почина, а јас тебе не ти посветив внимание како татко. Неколкупати се задолжив кај бандата на Џино за пари за коцкање. Сега си ги бара парите да му ги вратам. Му ја нудев куќата, но тој те сака тебе да се омажиш за него. Од почеток не прифатив, но неговите луѓе ме претепаа. Се закани дека ќе не убие двајцата и морав да прифатам. Тој не е човек, туку ѕвер“.
Татко ми плачеше како мало дете и ми се извинуваше викајќи на сиот глас: „Ќе те молам да ми простиш!“ Ракијата што беше во шишето ја фрли и се заколна дека нема никогаш повеќе да пие. Јас молчев и се обидував да најдам некој план за да избегам. Цела ноќ ја поминав размислувајќи и утрото му реков: „Тато, ќе се омажам за тој никаквец, немам избор, па потоа ќе видиме што понатаму“. И така се омажив за него.
Џино направи голема свадба за да ја покаже својата моќ, а воедно и ме покаже пред сите негови „пријатели“. Не му противречев, бев решена да се однесувам нормално. Помина гламурозната свадба. Од мојата раскошна убавина беа воодушевени сите негови пријатели. Првата брачна ноќ беше негова. Повеќе ме силуваше отколку што почувствував нежност, но, глумев дека ми е многу убаво, а ми се гадеше од секој негов допир, секој бакнеж, секоја воздишка. Всушност, зол човек, според мене нема чувства за другите, а ни за себе. Тој не се сака ни себеси, а камо ли да даде љубов кон другите. Не чувствував ништо освен мојата омраза, која вешто ја криев од него. Бев свесна дека ако му противречам, ќе не убие заедно со татко ми.
Се чудев како овој злобен човек ги придобиваше луѓето околу себе. Кога живееш или се дружиш со некого, полека му го откриваш неговиот карактер. Прво се правеше нивен заштитник, па им помагаше и потоа бараше да му бидат лојални. Ги искористуваше и мажите и жените. Жените ги праќаше како проститутки или на успешните им земаше дел од заработувачката, а мажите исто ги злоупотребуваше за неговите гнасни рекети или за неговите црни бизниси.
Јас му се умилкував за да има доверба во мене. Од почеток беше многу строг, не дозволуваше ни татко ми да дојде или да одам на посета. Се чувствував како птица во кафез. Не ме пушташе од дома да излезам ни да контактирам со некого. Немав ни на кого да се пожалам затоа што немав доверба во никого. Излегував само со него кога требаше да има некоја забава каде што сите мажи си ги носеа жените.
Имаше еден негов пријател и ортак во тие матни бизниси, Димитри, кој беше хирург во клиника. При секоја средба тој седнуваше до мене и разговаравме за работата со пациенти в клиника. Знаеше дека тоа ме интересира и кога и да се сретнавме тој седнуваше до мене и ми објаснуваше, а мене ме интересираше бидејќи бев медицинска сестра. Го познаваше карактерот на Џино и по извесно време го убеди Џино да почнам да работам кај него. По извесно време, го убеди да се запишам на факултет. Ни него не му верував затоа што беа слични со Џино, меѓутоа барав излез од мојата безнадежна ситуација.
Димитри беше разведен и очигледно многу му се допаѓав бидејќи ме „пиеше“ со очите. Не се обидуваше ништо сè додека една вечер не бевме дежурни заедно. Отидов во неговата канцеларија да прашам за пациент. Димитри ми објасни и подоцна започна обичен разговор. Беше постар од мене и изгледа умееше со жените. Ме погали, по лицето и се наведна да ме бакне.
Не се тргнав, сакав да видам што ќе прави. Почна да ми го гали телото, мојата свиленикава кожа. Целата се наежив. Ми ги стискаше градите полека, нежно. Нечујно и вешто ми го откопча мантилот Ми ги цицаше цврстите брадавици внимателно, а рацете му беа „полни“ со моите бујни гради. Ми ги лижеше со јазикот, де едната де другата града.
Се спушташе подолу. Ми го грицкаше задникот и со јазикот ми ја испитуваше мојата вдлабнатина. Полека ми ги соблече гаќичките и останав само со откопчан мантил. Се изгубив во задоволството. Тој се приближи уште повеќе кон мене и малку раширувајќи ми ги колената, ми ја стави раката меѓу нозе. Се наведна и ми го бакнуваше стомакот.
Прво бев срамежлива, но потоа добив сила и му го откопчав шлицот. Го стискав неговиот „орган“ и ја почувствував неговата цврстина. Посакав да е „во мене“. Неговиот тврд „орган“ го повлеков „кон мене“. Кога конечно почувствував пенетрација, длабоко воздивнав. Рацете ми се ослободија и почнав да го гушкам. Треперев од страст и полека си ги отворав очите сè додека нашите две тела не се претворија во еден заеднички грч. Тој беше испотен, црвен и ме гушкаше сè посилно и посилно.
Кога сè заврши, тој воздивна длабоко и ми кажа: „Ова не требаше да го направам, но имав желба да те осетам тебе – твоето тело“. Се исплашив од неговите зборови и излетав од просторијата. Ми беше многу тешко, се почувствував како предавник. Другите денови го избегнував да го гледам в лице.
ПРИЈАТЕЛКИ